Blog title: Момент
Во еден момент застануваш...се вртиш позади себе....гледаш долга патека...изодени километри...преминати препреки...убави моменти....лоши сеќавања...секое делче нешто те научило...и погледнуваш напред...пред тебе ново пространство....нови препреки....се ново и недоживеано...и во тој момент стоиш во сегашноста и посегнуваш по тој некој блиску до тебе...неговата прегратка, неговата насмевка е она што ти е потребно во моментот, што ти требало вчера, што ќе ти треба утре....само тоа е она што е вредно...не она што го поседуваш или сакаш да го поседуваш, не она што мислиш да го добиеш или изгубиш...туку луѓето кои ги сакаш и кои ти се блиски, луѓето за кои живееш, прегратката која те буди наутро..насмевката која те заспива навечер...она нешто кое те прави да се чувствуваш посебен...да застанеш и да посакаш ново утро, нов ден, нова ноќ...оној некој толку важен за кого се будиш...заради кого не спиеш...јас имам некој таков, секој од нас има, зар не?