Site statistics
Number of users: 267.686
Number of rate photo 9.485.207
Message exchange: 18.713.746
Username or e-mail: Password Forgot your password?  | New user? Registration
Blog
Another user blogs | helena123 30.3.2020. 12:43:00

Blog title: Орман



Овој миг...сега....во оваа секунда....нема повеќе каде....посакувам да не дојдеше...посакувам да исчезне....меѓутоа не може....не сака.....се пластат сеќавањата, поминатите години, и како изминуваат минутите,така станува се подалечно и подалечно. Уште една ноќ, чекам сказалките да се поклопат, и уште еден нов ден да дојде, без да те има тебе во него, без да ме има мене крај тебе, без да не има нас. Како и многу пати досега, реалноста допира до мене со секоја нова ноќ, зошто тогаш останувам сама со себе, тогаш ми недостигаш, тогаш сфакам дека те изгубив. Не, немам чувства, само отапеност,само грутка која повремено стега.И срцето ми изгледа како орман со многу полици, средени чувства наредени и подредени. Секој дел кажува своја приказна,секој дел поделен онака како треба и на што му припаѓа. Полици со средени алишта за секое годишно време посебно во светли или во темни бои, но секако подредени. И тогаш на дното на тој орман ...хаос, непотребни работи и алишта на кои не можеш да им најдеш примена.Е некаде во таа полица на дното си ти.Сокриен да не се гледаш, со расфрлани непотребни работи кои одамна требало да бидат фрлени и отстранети , меѓутоа потсетуваат на некои моменти и упорно ги чуваме за да ни завземаат простор и да не спречуваат да ги замениме со нови и попотребни.

И кога сказалките ќе се поклопат, како некое генерално средување, го средуваме орманот. Ги вадиме работите, ги разгледуваме и размислуваме дали да ги почуваме уште малку или да се разделиме засекогаш од нив. Оваа ноќ,  ноќ на разделба....враќање нема...никогаш и не постоела можност за тоа. Непотребните работи и чувства ќе исчезнат, ќе ги снема.Неколку слики и сеќавања ќе останат, додека и тие не избледеат и изветват.А вистината ке исплива на виделина, дека одамна е крај....


Users comments    
Add your comment
Dodaj smajli Dodaj smajli


Best4date.com - free dating, dating online, dating girls, site for meeting people
Games | Term of use | Policy | Contact | Links
Copyright © 2014 by Best4date.com